Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата, продолжува поддршката за нови авиолинии, вели Мицкоси

– Продолжува политиката на субвенцонирање и отворање нови авиолинии. Во изминатите две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Продолжува политиката на субвенцонирање и отворање нови авиолинии. Во изминатите две години отворивме неколку десетици, а како резултат на тоа очекуваме бројот на превезени патници оваа година да достигне 3,5 милиони, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. 

Аеродромите, потенцираше, веќе забележуваат раст со двоцифрен број проценти, а скопскиот имаше и до 30-тина проценти зголемување споредено со истиот период од минатата година.

Прашан дали се разговара со „Виз ер“ за продолжување на сезонските линии до Сардинија и Сицилија, Мицкоски потенцираше дека ќе продолжи поддршката за дестинациите за кои има интерес. 

Реклама

– За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот – рече Мицкоси.

Во услови на најголема светска енергетска криза, посочи, во услови кога сите ги затвораат своите граници, ние со керозин од Македонија снабдувавме неколку регионални аеродроми. 

Мицкоски вели дека не очекува поголемо поместување кај цената на бензините, во однос на претходната недела и како што рече, би имало нивелирање за околу половина денар на безоловниот и на дизел горивото. 

– Со тоа повторно  остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата – изјави премиерот Мицкоски. 

Тој повтори дека ќе мора да се прават промени во акцизната политика затоа што сме, посочи, единствениот случај каде што дизел горивото е поевтино од безоловниот бензин.

– Нека се стабилизира кризата, нека легнат работите. Мислам дека акцизите треба за едните и за другите горива да се нивелираат, со тоа што едните ќе се намалат, а другите ќе се зголемат. Такво е искуството и примерот во сите соседни земји, никаде немаме толку драматично поевтин дизел отколку што е безоловниот бензин. Секаде во принцип дизелот е поскап и тоа многу поскап од безоловниот бензин. Нека легнат работите, нека конечно дојде очекуваниот мир и да почнеме да размислуваме во таа насока, изјави Мицкоски.