Реклама

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Македонија

Сали: Протестите на ДУИ се политички мотивирани, Уставниот суд укина одлука која била донесена без да се испочитуваат процедурите и законот

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, рече денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Според него, на граѓаните сега не им требаат избори за Советот, зашто тоа, како што напомена, носи други околности во развивањето на градот. 

Сали смета и дека се нарачани анкетите кои покажуваат предност на ДУИ над Вреди. Тоа, вели, го потврдуваат бројките за сработеното на Вреди во изминатите 24 месеци, за разлика од она што го реализираше ДУИ за време на 24-те години владеење.

-Одлуката за менување на имињата на улиците во Тетово од 2007 година е донесена само од страна на советниците. Процедурата не е запазена, односно не е испочитуван законот кој вели дека за таа листа на имиња што се предлагаат и ќе се гласаат, треба да има одобрение од страна на Владата. Во тоа време листата не е одобрена од Владата и така, на ноншалантен начин, ги менувале имињата на улиците, меѓутоа де факто и де јуре процедурата не била испочитувана. Денес, по речиси 20 години, се соочуваме со ситуација во која Уставен суд носи одлука спротивна на таа што е донесена од 2007 година. Сега веќе градот Тетово има почнато нова процедура за менување на имињата, според прописи и закони што се актуелни и во сила. И тоа менување ќе биде во интерес и на граѓаните и за почитување на благосостојбата во Тетово и другите градови. Постапката ќе биде запазена, потенцира Сали пред настанот со кој Вреди одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција.

Реклама

Тој е дециден дека досега одржаните протести на ДУИ се несомнено политички мотивирани.

-Се што тие импровизирале во нивниот период на владеење, денес е дел од проблемите со кои се соочуваме и кои ние ги решаваме еден по еден – правосудниот испит,  имињата на улиците во Тетово. Тоа покажува дека пристапот на владеењето на ДУИ во локалната и централната власт било импровизација и политички договор, не биле одлуки донесени врз основа на закон и почитување на сите правни регулативи што владеат во државата. Тоа покажува колку несериозно се однесувале кон институциите со кои управувале, да не го спомнам долгот што го наследи градоначалникот на Тетово во износ од 24 милиони евра. Значи, и правниот дел и финансискиот дел таму беше на штета на граѓаните на Тетово и сметам дека со промената на локалната власт и со централната власт покажуваме сериозност во правното и финснсикото управување со градот Тетово. Разликата е огромна, ќе слушнете денес на на презентацијата која што ја имаме пред вас, нагласи Сали.

Во врска со информацијата дека е можно да има избори за Совет на Тетово, Сали рече дека тоа сега не им е потребно на граѓаните.

-Ние не бегаме од никаков вид избори, зашто сметаме дека ги добиваме изборите. Сме покажале на последните локални избори дека имаме капацитет да ги добиеме локалните избори, било да се од листа на советници или градоначалнички. Меѓутоа, не сметаме дека на граѓаните им требаат избори, зашто тоа носи други околности во развивањето на градот, укажа Сали.

Осврнувајќи се на сработеното во досегашното двегодишно владеење како дел од коалицијата, истакна дека досега се реализирани 308 проекти, а фокусот е ставен на инфраструктурата. 

-Фокусирани сме на реализација на инфраструктурни проекти. Околу 308 проекти се реализирани досега, што е огромна разлика помеѓу владеењето на Вреди во 24 месеци и претходното владеење на ДУИ од 24 години, кога не беа реализирани повеќето од капиталните инвестиции во локалната самоуправа. Дел од инвестициите се Коридорот 8, сега веќе потпишувањето на договорот за автопатот што треба да се изгради до Блаце, стимулирање на младите за отворање мали и средни компании – околу 2.500 поддржани компании од страна на Министерството за економија, и вработување и унапредување на над 2.500 Албанци во јавната администрација, а има уште многу други проекти што ќе ги спомнеме на настанот, рече Сали.