Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје и екипи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје и екипи на Министерството за внатрешни работи, ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање, информираа попладнево од Јавното обвинителство на Македонија.

– Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело, лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот – појаснија од ЈО.

 Од МВР информираа дека денеска е лишен од слобода С.Г., на возраст од 51 година, со престојувалиште во скопско Таор, поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г.

Реклама

– На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на село Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69) – информираа од МВР.

Оттаму соопштија дека во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.