Скршеници на рацете, повреди на зглобовите, лицето и главата се само дел од последиците по пад од тротинети. Само една секунда невнимание е доволна за да се случи несреќа. Посебно загрижува факотот што не се носи заштитна кацига, но и неприлагодената брзина на условите на улиците. Нерамнините на коловозот, влажната подлога, наглото кочење или судир со друго возило значително го зголемуваат ризико то дпад. На Клиниката за трауматологија од Јануари до денес се пријавени 114 пациенти кои се здобиле со повреди при пад од тротинети или при сообрајќајки.
-Возрасната група е од 18 до 35 години а исто така имаме и малолетни лица коишто се паднати и најмалиот од 2025 година мислам дека беше околу 4 годишен пациент што бил возен заедно со братчето и сестричето на електричен тротинет. Некаде околу 12 пациенти се со тешки телесни повреди кои што биле згрижени во нашите Клиники–истакна др. Игор Мерџановски од Клиниката за трауматологија
Од стотината пациенти 35 биле со потешки телесни повреди а останатите со лесни телесни повреди. На лицата со потешки и тешки повреди име потребно повеќе време за опоравување. Др. Мерџановски додава дека многу е важно да се носи заштитна опрема.

– Ние први алармиравме до Минитсретвото за внатрешни работи да се преземат конкретнни мерки, затоа што беше доста голем бројот на малолетни лица кои што се повредени со електични тротинети, така да носењето заштитна опрема, ограничувањето на брзината на електричните тротинети исто така и возраста која што може да ги управува овие возила– истакна др. Игор Мерџановски од Клиниката за трауматологија
Ваквите бројки го вклучија алармот кај пратениците. Во собраниска процедура е закон со кој малолетни лица нема да смеат да управуваат електричен тротинет, а брзината се ограничува на 20 километри на час. Целта е поголема безбедност и намалување на бројот на сообрајќајни незгоди.
