Реклама

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Македонија

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи

Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДСM да го забават реформскиот процес, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеничката Иванка Василевска.

СДСM се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија.

Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка.

Реклама

Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДСM избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност.

Лицемерно е што СДСM седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува како тие обврски да започнале вчера.

Нивното однесување во Собранието јасно ја покажува разликата меѓу реториката која доаѓа од нивните прес-конференции и реалноста. Не ги гласаат реформските закони, бегаат од работните групи, а сега и се обидуваат да го забават реформскиот процес.

Но, за разлика од нивната политика на опструкции, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати. Ги реализираме реформите преку конкретни законски решенија и исполнување на обврските.

Само во текот на 2024 година беше направен значаен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда со донесувањето на седум клучни закони кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на Европската Унија.

Со овие законски решенија државата направи конкретен напредок во зајакнувањето на институциите, подобрувањето на економското управување и модернизацијата на образовниот систем.

Во текот на 2025 година реформската динамика продолжи со уште посилно темпо. Беа донесени повеќе закони во областите енергетика, јавна администрација, дигитална трансформација, правда и транспорт, со што продолжува модернизацијата на институциите и подобрувањето на јавните услуги.

Европските институции ја потврдуваат посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформскиот процес, што резултираше со најзначајна финансиска поддршка од Планот за раст, споредено со сите други земји од регионот.

Тоа е најдобриот одговор на сите обиди за потценување на сработеното.

Но сепак, пратениците на СДС не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за Судски совет, Законот за административните службеници, ниту еден закон од областа на образованието, не го гласаа ниту Законот за електронски комуникации, како ни пакетот закони за дигитализација. Не гласаа ништо. Како тогаш зборуваат за европски напредок, а не ги гласаат законите што ќе го овозможат токму тој европски напредок?

Додека европските институции го препознаваат напредокот и реформската динамика на Македонија, СДСM останува заробен во политички опструкции. Наместо да ги стави државните интереси пред партиските, одбива да ги поддржи решенијата што носат конкретен напредок за граѓаните и европската интеграција.

Почитувани,

Нема да дозволиме партиските интереси и политичките пресметки на СДС да го забават реформскиот процес. Владата останува посветена на исполнувањето на реформската агенда, а сите потребни законски решенија ќе бидат усвоени во утврдените рокови.

Продолжуваме со одговорна и посветена работа во интерес на граѓаните и европската перспектива на државата. Очекуваме опозицијата да покаже конструктивност, да ги надмине дневнополитичките калкулации и да го стави државниот интерес пред партиските цели.

Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот според динамиката на спроведување на реформите и посветеноста кон изградба на европската иднина.