Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава. Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНE.

Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик и историја.

Тој го премолчи и овој дипломатски скандал Бугарија, со кој беше направен дипломатски преседан каде беа објавени документи со безбедносни информации поврзани со претседателот на Владата.

Реклама

Филипче беше дел од структурата на СДСM која ги распродаде македонските национални интереси, структура која го понижи македонскиот идентитет, го доведе во прашање јазикот и историјата, и потпишуваше бланко листови  наместо да ги брани македонските позиции.

Македонскиот народ го памети тоа и неговиот суд го изрече на изборите. Свесен дека во Македонија повеќе нема политичка иднина, Филипче ја пресмета ситуацијата и ја сврте политичката калкулација кон Софија очекувајќи дека добрите односи со бугарските власти ќе му донесат поддршка која не може да ја најде кај сопствениот народ.

Граѓаните очекуваат дека секој што претендира да ја води државата мора да ги брани и државните интереси, а нема да дадат поддршка на Венко Филипче, кој уште веднаш би го продал идентитетот и би ја редефинирал македонската историја, кој ги брани бугарските позиции и работи за туѓи агенди, се за да дојде на власт.