Реклама

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Македонија

Дојран со туристи и средени плажи ја почна летната сезона

Првиот бран туристи веќе ги користи туристичките капацитети и плажите долж дојранското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот бран туристи веќе ги користи туристичките капацитети и плажите долж дојранското крајбрежје, според информациите со кои располага Општина Дојран. 

Високите температури овозможија зголемување на бројот на посетители кои сакаат да поминат викенд или повеќе денови покрај Дојранското Езеро и да ги користат природните особености на еден од домашните туристички центри.

Првиот човек на Општината, Илија Тентов, вели дека целиот брег на езерото во Стар Дојран е веќе исчистен и уреден, а во завршна фаза е и реконструкцијата на пешачката патека од пазарот до амфитеатарот.

Реклама

– Сите плажи се средени, целото крајбрежје е исчистено и попесочено на потегот од Градската плажа, па се до плажата “Фук так”. Сега има повеќе можност за капачите, се зголемува слободниот простор за користење покрај езерото, односно се зголемува капацитетот и целото крајбрежје е функционално. Ги имаме првите туристи, првите прогнози се задоволителни. Се бара место повеќе во дојранските сместувачки капацитети, и од домашни и од српски туристи, а истовремено привршуваме со санирање на оштетените делови од пешачката патека, вели Тентов.

Следната недела, на трети и четврти јули Дојран го очекува “Д – фест”, музички настан кој ќе се одржи на паркингот кај “Гранит”. 

– На јавниот повик кој беше распишан на почетокот на месецот избравме продукција која ќе ја направи програмата за Дојранското културно лето. Наскоро ќе ја објавиме програмата и тековно ќе информираме за сите настани. Културното лето ќе се одржува во јули и август. Фестивалот “Преку езерото” ќе биде во склоп на Дојранското културно лето. Во двата месеци, секојдневно ќе има различни содржини, поетски рецитали, настапи на фолклорни ансамбли, глума, драми, филмови. Сите настани ќе се одвиваат на две локации, под јаворот и на амфитеатарот, вели Тентов.

Во објавата на Општина Дојран се наведува дека Општината нема финансиски да ги поддржува манифестациите, но ќе има обврска кон организаторот да му овозможи користење без надоместок на јавните површини во наведените локации и ќе овозможи инфраструктурни приклучоци за одржување на настаните.