Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Меља: Потпишувањето на договорот за One Stop Shop историски момент за Дебар

По потпишувањето на Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По потпишувањето на Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија реагираше дебарскиот градоначалник Фисник Меља, оценувајќи го како еден од најзначајните моменти за Дебар и целиот пограничен регион. 
 
-За Дебар и целиот регион ова не е само административен договор. Ова е инвестиција во економскиот развој, туризмот, трговијата и во зајакнувањето на врските меѓу граѓаните од двете страни на границата, наведува тој. 
 
Додава дека моделот One Stop Shop значи пократко време на чекање на граничниот премин, побрзи процедури, послободно движење на граѓаните и поефикасна соработка меѓу институциите на двете држави.

-Сега очекуваме во многу краток рок да започне и практичната имплементација на моделот One Stop Shop, претворајќи го овој договор во реалност што ќе ја почувствува секој граѓанин. Од ветувања преминуваме кон дела – во служба на Дебар и неговата иднина, нагласува Меља. 
 
Тој  на преминот “Блато” кај Дебар го дочекал министерот Тошковски и заедно продолжиле за Пешкопеја. 
 
Во овој албански град, кој е на оддалеченост од само 27 километри од Дебар, договорот го потпишаа македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот албански колега, Бесфорт Љамалари. 
 
Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе успешно функционира со Србија и Косово.