Реклама

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Македонија

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави.

-Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини, информираат од МВР.

Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби.

Реклама

Во обраќањето, министерот Тошковски истакнал дека договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и попредвидливо управување со границата, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите.

Тој нагласил дека заедничките гранични процедури не само што го олеснуваат протокот, туку и ја зајакнуваат способноста на двете држави за справување со прекуграничен криминал, трговија со луѓе и други безбедносни ризици, преку координирано постапување и размена на информации.

Особено било истакнато дека имплементацијата ќе се одвива постепено и контролирано, со цел секој заеднички граничен премин да биде целосно оперативно и правно подготвен пред стапување во примена.

Министерот Тошковски упатил благодарност до експертските тимови, правните советници, полициските службеници и сите институции од двете земји кои учествуваа во подготовката на договорот, нагласувајќи дека нивната работа е клучна за постигнатиот резултат.

Потпишувањето на договорот на граничниот премин Блато, како што велат од МВР, претставува важна пресвртница во билатералната соработка меѓу Македонија и Албанија и потврда на заедничката заложба за модерно, ефикасно и безбедно управување со границите.

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе успешно функционира со Србија и Косово.

Овој систем ќе функционира и на преминот “Блато” кој е на четири километри од Дебар. Профункционира во 1993 година а  по подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата последните години станува се пофреквентен. Минатата година, на влез и излез регистрирани се вкупно 1.426.336 патници, при што 732.259 се регистрирани на влез во нашата земја, додека 694.107 на излез. Во споредба со претходната година значи зголемување за над 40 отсто.