Денга вирусна инфекција потврдена кај 42- годишен маж. Пациентот е хоспитализиран на Инфективната клиника и е под постојан медицински надзор. Првите симптоми го добил кога допатувал во земјава од Бангладеш каде работел во градежна компанија. Во оној момент кога му се покачила температурата и почнало крварење од носот, веднаш побарал лекарска помош. Со оглед на тоа што се вратил од тропска земја, докторите се посомневале дека можеби станува збор за инфекција пренесена преку убод од комарец.
– Лицето работи за една грдажена компанија во нашата држава. Пациентот моментално е во стабилна состојба под постојан медицински надзори ја прима потребната терапија–истакна директорот на Клиниката за инфективни болести др Фадил Цана
Др Цана вели дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи Денга вирусот не се пренесува од човек на човек, туку исклучиво преку убод од тигрест комарец. Не постои рик од ширење на вирусот во Македонија.

– Треска, температура, малаксалост, крварење од слузниците конкретно кја пациентот имавме крварење од нос- истакна директорот на Клиниката за инфективни болести др Фадил Цана
Инаку Шри Ланка се соочува со епидемија на Денга, откако бројот на потврдени случаи надмина 50.000, а досег апочинаа 29 лица.
