Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Наумовски лауреат на фестивалот ,,Преку езерото” за високи уметнички достигнувања

Македонскиот актер со меѓународна кариера, Тони Наумовски е лауреат на петтото јубилејно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот актер со меѓународна кариера, Тони Наумовски е лауреат на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм ,,Преку езерото” кој годинава прв пат ќе се одржи во три градови Дојран, Струмица и Гевгелија. Наумовски ја добива единствената награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година.  Директорот на фестивалот Јани Бојаџи, вели наградата заслужено оди во рацете на Наумовски, оти тој е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината уметници од Балканот кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и на телевизија.

 20 години живее и работи во Њујорк, има играно како актер во преку 20 телевизиски проекти, во преку 20 филмови во Америка и во светот, во неколку македонски филмови, изјави Јани Бојаџи, директор на филмскиот фестивал ,,Преку езерото”

Македонската јавност актерската магија на Наумовски последно ја виде на филмското платно во македонскиот филм „Лена и Владимир“, каде што толкува една од главните улоги.

Реклама

Во последната година за насловната улога на ликот на Владимир во филмот ,,Лена и Владимир” , Тони Наумовски е добитник на 14 престижни нагаради за високи актерски достигнувања на преку 80 фестивали во Америка и во светот, така да се радуваме бескрајно што оваа година навистина имаме актер кој наградата ,,Мето Јовановски” ја има онака заслужено од срце и од душа. -изјави Бојаџи.

Aктерот Тони Наумовски има одиграно повеќе од осумдесет улоги, во исто толку продукции на филм и телевизија, на повеќе од десетина јазици меѓу кои и неколку продукции во Македонија. Фестивалот на балкански и медитерански филм оваа година по петти пат ќе обедини автори, режисери, актери и љубители на уметноста на едно место. Од 8ми до 15ти јули, за прв пат со регионален карактер, „Преку езерото 2026“ ќе се одржи во Дојран, Струмица и Гевгелија. Организаторите најавија богата програма со долгометражни и краткометражни филмови, а како што велат, целта е да биде што е можно повеќе достапен за младите уметници.