Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Ристески: Младите во фокусот на Оперативниот план за вработување 

Информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денеска продолжи со средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.

Како што соопшти Министерството за економија и труд, во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде што тие имаат историски голема вклученост.

Реклама

-Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување, рече Ристески. 

Покрај мерките за самовработување, каде што во подмерките се предвидени средства за 1158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки.

-Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практикантство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5808 млади лица до 29 години или 56,1 проценти од вкупниот опфат, рече Ристески.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се наведува во соопштението, ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис.

Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година.

-Сите невработени заинтересирани лица може да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страницаата www.av.gov.mk, информира Министерството за економија и труд.