Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Отворен Конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун.

Програмата е наменета за стручни лица од различни профили и за бизнис менаџери вработени во приватниот и во јавниот сектор, а се нуди во шест насоки: Општ менаџмент, Маркетинг, Финансии, Менаџмент во логистика, Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси.

Од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк изјавија дека се горди што продолжуваат да ја градатоваа партнерска приказна со македонската Влада.

Реклама

-Преку стипендиите „Борис Трајковски“ повеќе од 20 години на македонските професионалци им овозможуваме пристап до врвно европско образование без да ја напуштат државата и без да го прекинат своето кариерно темпо, диплома од два угледни европски универзитети која се стекнува тука, во регионот, истакнуваат од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

Наставата се одвива за време на викенди со физичко присуство на Европскиот кампус во Солун, дополнета со три студиски недели на Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство, на Универзитетот во Стразбур во Франција и во Солун, Грција. Сите предавања се на англиски јазик, а по успешното завршување студентите добиваат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација.

Паневропската МБА-програма е дел од ексклузивната група од само 300 ЕМБА програми и образовни институции на глобално ниво акредитирани од престижната AMBA. Дополнително, Паневропската МБА-програма е акредитирана од Институтот за менаџмент од Велика Британија (CMI) и вклучува заедница од повеќе од 4 000 студенти и досегашни дипломци, што само дополнително говори за нејзината огромна академската вредност. 

-Извршната МБА е дизајнирана за луѓе што веќе се докажале во кариерата и бараат следен чекор. Ги охрабруваме сите амбициозни професионалци од Македонија да се пријават и да ја искористат оваа единствена можност за  диплома од два угледни европски универзитети, без да го напуштат регионот и да го прекинат своето кариерно темпо, изјавија од Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун е водечка британска академска институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Член е на престижната Russel група, рангиран меѓу топ 8% универзитети во светот и се наоѓа на 154-то место според Times Higher Education World University Rankings 2026, како и меѓу Топ 20 универзитети во Обединетото Кралство.

Краен рок за пријавување за стипендиите „Борис Трајковски“ е 31 јули 2026 година. Сите потребни информации за подготовка на апликацијата и достава на документите се достапни во објавениот конкурс.