Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе присуствува на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, кое ќе се одржи во кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе.
На настанот, како што информираат од МВР, обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
