Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Гостивар

Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, денеска ќе ја посети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, денеска ќе ја посети општина Гостивар. Посетата е дел од иницијатива чија цел е да го приближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.

-Посетата на Гостивар ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Валбон Лимани и членовите на Општинскиот совет. Тие ќе разговараат за придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и за видливото влијание на проекти финансирани од ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во регионот, информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За време на посетата, амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува во отворена дискусија со граѓаните на Гостивар.

Реклама

Програмата вклучува и презентација на програмата LIFE финансирана од ЕУ и можностите за финансирање во областите на животната средина, климатската акција и транзицијата кон чиста енергија, одржана од претставници на проектот eHUB4LIFE. Презентацијата ќе ја отворат градоначалникот Лимани, амбасадорот Рокас и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.