Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Од 8 август до 8 септември, Македонија ќе живее во знакот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 8 август до 8 септември, Македонија ќе живее во знакот на големиот јубилеј, 35 години од независноста. „Авалон продукција“  и Владата најавија музичка програма во повеќе од 10 градови низ државата со над 120 македонски уметници кои ќе бидат дел од национална сценска турнеја која ќе ги обедини сите генерации.

„Тука сме сега денес да најавиме еден проект кој за сите нас кој го работиме е неверојатно многу важен, затоа што тој задира во идентитескиот дел на прославата. Тоа што се слави е 35 години независност на Македонија“, изјави Бобан Милошоски од „Авалон продукција“.

„Интернационалните ѕвезди се вредни за почит,но македонските уметници се македонската култура се оние кои го носат духот на една нација и сум исклучително горда што успеавме да влеземе во еден ваков проект во кој  над 120 уметници ќе бидат дел од за мене можеби најважниот проект од 35 години независност на Македонија“, изјави портпаролката на Влада, Марија Митева.

Реклама

Проектот ќе го режира еден од најреномираните македонски театарски режисери, Дејан Пројковски. Преку музика, театар и сценски спектакл, публиката ќе патува низ изминатите 35 години, гледајќи ја независноста од две перспективи низ очите на генерацијата која ја создаваше државата и на младите кои денес го продолжуваат нејзиното културно наследство.

„Создаваме една уметничка реалност каде што низ едно музичко сценско патување ќе патуваме низ тие 35 години. Обидувајќи се би рекол од два агли да ја гледаме независноста, една од генерациите која беше директен ученсик во тоа а другата е младата генерација која ја наследува независноста. Ќе пробаме да ги споиме генерациите, да направиме еден мост“, изјави режисерот Дејан Пројковски.

„Внатре ќе бидат вметнати големите успеси на државата на на нашиот спорт, нашата уметност од сензационалниот гол на Артим Шакири против Англија до легендарното „Леле што направивме“ на Влатко Илиевски. Ќе се обидеме за убавите работи да правиме муабет“, изјави актерот Игор Џамбазов.

Меѓу учесниците ќе бидат најголемите имиња на македонската музичка сцена, а како што најави Џамбазов, идејата е празникот да биде заедничка прослава за сите граѓани, а македонските уметници уште еднаш да покажат дека се духот на една нација. Круна на едномесечната прослава ќе биде спектакуларниот концерт на светскиот диџеј и продуцент Дејвид Гета, кој на 8 септември ќе настапи во Скопје. Неговиот концерт е најавен како завршен музички спектакл на стадионот „Тоше Проески“.