Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Судење за „Пулс“: Дискотеката започнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот

Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала да работи, иако притоа не биле исполнети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала да работи, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот, беше кажано од Обвинителството на денешното рочиште на судењето за пожарот во кочанската дискотеката, кое презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство.

Следното рочиште е закажано за  1јули со материјални докази од Обвинителство за Државен пазарен инспекторат и листинзи од телефонски разговори. 

Со изведување на докази започна обвинителката Наташа Сарамандова, за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот,  но продолжи друг обвинител откако одбраната до Судот поднесе барање за изземање на Сарамандова, поради, како што наведе “пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”. 

Реклама

По барањето треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески. 

По ова, родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани во знак на револт  доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово. 

-Наташа Сарамандова е најдобра обвинителка со обвинителот Дарко, и тие се нашата надеж дека вистината ќе биде откриена и дознаена и за нас родителите, и за целата јавност, за да видат кој ги уби нашите деца. Ако ја изземат обвинителката Наташа Сарамандова, јас мислам дека не треба ни да постои судење – изјави мајката на загинатиот Томас, Јулија Златкова. 

Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла од суштината кон процедурата.
​
Од нас, родителите, нагласи Наунов се бара достоинство и трпение, и тоа го правиме од првиот ден, а за возврат бараме само едно: доказите да се изведат до крај, јавноста да ја слушне целата слика и одговорноста да не се изгуби меѓу процедурите. 

На почетокот на денешното рочиште Судот, изрази сочувство до семејството на починатиот Љупчо Грнчиштанов, кој беше еден од обвинетите во случајот и информираше дека по добиено известување од МВР се запира кривичната постапка спрема овој обвинет. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.