Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Македонија доби Национален центар за вештачка интелигенција – лансирана „Везилка“

Од училниците и лабораториите – директно кон европската технолошка елита. Македонија ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од училниците и лабораториите – директно кон европската технолошка елита. Македонија ја добива „Везилка“, национален центар за вештачка интелигенција. Со поддршка од Европската Унија и во партнерство со грчкиот центар „Фарос“, нашата држава станува дел од големата европска трка за развој на вештачка интелигенција. Проектот чини 6,2 милиони евра, од кои 1,5 милиони евра се државни средства, 1 милион евра се обезбедени од универзитетите, а остатокот е финансиран од Унијата. Според премиерот Христијан Мицкоски, овој капитален проект е инвестиција во знаењето, талентот и иднината на младите.

„Развојот на вештачката интелигенција веќе создава нови економски модели, отвора нови индустрии, поставува нови стандарди за конкурентност. Во такви околности, способноста на една држава да создава знаење, да ги поврзува науката и стопанството и да обезбеди услови за иновации станува еден од најважните предуслови за долгорочен развој. Токму затоа, воспоставувањето на Националниот центар за вештачка интелигенција претставува значаен чекор кој е далеку над рамките на еден поединечен проект – рече Мицкоски.

Од македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство, до паметно земјоделство, здравство и енергетика – надлежните најавуваат технолошка трансформација на државата.

Реклама

Министерот Стефан Андоновски порача дека со „Везилка“, Македонија повеќе нема да биде само набљудувач, туку активен играч во европската дигитална трка.

Со „Везилка“ Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција. Заедно со Владата, универзитетите и индустријата создаваме национален систем кој ќе обезбеди долгорочен развој на оваа област – изјави Андоновски.

Универзитетските професори велат дека „Везилка“ е историска шанса македонското знаење да стане дел од европската технолошка иднина.

Амбасадорот Рокас порача дека овој проект е мостот што ја поврзува Македонија со европската иднина на вештачката интелигенција.

Македонската „Везилка“ е една од 13-те избрани национални антени во Европа, а ќе работи во тесна координација со грчката AI фабрика „Фарос“, проект вреден 30 милиони евра, кој е меѓу првите вакви центри на европско ниво.