Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Алармантни податоци – половина од Македонците имаат прекумерна телесна тежина

Седечкиот начин на живот и брзата, преработена храна сè повеќе го нарушуваат здравјето на граѓаните. Податоците на Институтот за јавно здравје се загрижувачки – дебелината е во пораст и кај возрасните, и кај децата. „Дебелината и прекумерната телесна тежина во Македонија, според Светскиот атлас за дебелина на Светската здравствена организација, изнесуваат околу 60 проценти, односно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седечкиот начин на живот и брзата, преработена храна сè повеќе го нарушуваат здравјето на граѓаните. Податоците на Институтот за јавно здравје се загрижувачки – дебелината е во пораст и кај возрасните, и кај децата.

„Дебелината и прекумерната телесна тежина во Македонија, според Светскиот атлас за дебелина на Светската здравствена организација, изнесуваат околу 60 проценти, односно толкав е уделот на лица со прекумерна тежина и дебелина. Околу 30 проценти од возрасните имаат дебелина. Тоа значи дека состојбата е алармантна, односно нашата земја е сериозно погодена од овој проблем. Во однос на регионот, веднаш по Хрватска, сме меѓу земјите со највисока преваленца на дебелината“, изјави Ирфан Ахмети.

Експертите предупредуваат дека состојбата е сериозна. Поголемите, но нутритивно неквалитетни оброци, во комбинација со нездрави животни навики, се меѓу главните причини за оваа појава. Тие посочуваат дека клучот за справување со проблемот е системски пристап.

Реклама

„Тоа подразбира нездрава исхрана, односно исхрана богата со калории, рафинирани шеќери, сол и масти. Понатаму, физичка неактивност, нарушен ритам на спиење, неквалитетен сон, како и влијанието на стресот“, изјави Ирфан Ахмети.

„Потребно е подигање на свеста кај општата популација за промена на животниот стил, односно интервенција во раната фаза за превенција на појавата на прекумерна телесна тежина.“

Дебелината не е само естетски проблем, туку сериозна закана за здравјето.

„Докажано е дека, поради нарушениот метаболизам, дебелината е директно поврзана со појавата на бројни хронични заболувања, меѓу кои кардиоваскуларните и срцевите болести, дијабетесот тип 2, апнејата при спиење, замастениот црн дроб, остеоартикуларните промени, па дури и зголемениот ризик од појава на канцер“, изјави Ирфан Ахмети.

Најважниот чекор во справувањето со овој проблем е превенцијата. Промовирањето здрав начин на живот, особено кај децата, воведувањето здрави прехранбени навики и избегнувањето неквалитетни производи се вистинскиот пат кон поздраво население.

Ана Минин