Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Обвинителството предложи мерки за два случаја на семејно насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години.

-Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот, се наведува во соопштението. 

Реклама

Постапка е поведена и против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата.

-На 20 јуни, во возило ја влечел и се заканувал на жената, а во еден момент сакал да ја удри со стаклено шише. Оштетената во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото, а осомничениот застанал и се обидел на сила пак да ја внесе внатре. На жената и нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира ЈОРСМ. 

Во двата одвоени настани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничените да го напуштаат живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде што тие се движат.