Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економија

Охрид и Виена поврзани со нова директна авиолинија

Охрид се поврза со Виена.На аеродромот „Св.Апостол Павле“ слета првиот авион на „Аустриан Ерлајнс“, со што и официјално започна новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид. Летовите ќе се реализираат двапати неделно секој четврток и недела.Со новата линија, од Охридскиот аеродром сега се покриваат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 редовни, а три се чартер […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид се поврза со Виена.На аеродромот „Св.Апостол Павле“ слета првиот авион на „Аустриан Ерлајнс“, со што и официјално започна новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид. Летовите ќе се реализираат двапати неделно секој четврток и недела.Со новата линија, од Охридскиот аеродром сега се покриваат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 редовни, а три се чартер летови.

“Виена е од исклучително значење за деловните патувања. И за туризмот но и за македонската дијаспора. Оваа нова авиолинија, ќе им овозможи на патниците побрз полсен и поудобен пристап до Охрид.Исто така и на нашите граѓани во Виена преку Виена ќе им овозможи пристап до голем број на други европски градови” вели Неџат Курт – генерален директор на ТАВ Македонија.

И од австриската амбасада во Македонија, го поздравија новото авио поврзување меѓу Охрид и Виена.

Реклама

“Воведувањето на линијата Виена-Охрид претставува важен чекор во зајакнувањето на врските меѓу Австрија и Македонија. Освен подобрувањето на поврзаноста, оваа нова врска ќе го поддржи туризмот, деловната соработка и културната размена, а воедно ќе создаде нови можности за луѓето и заедниците во двете земји. Задоволни сме што ова партнерство ги зближува нашите земји“ вели Матијас  Хуменбергер – заменик шеф на мисијата во Австриска амбасада во Скопје.

Од Владата велат дека ова е добра вест и за граѓаните и за туристичкиот сектор. Се очекува во Охрид да доаѓаат повеќе странски туристи, а регионот да добие дополнителен економски бенефит…Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека преку аеродромот во Виена, патниците од Охрид ќе можат многу полесно да стигнат до голем број светски дестинации.

„Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот во Виена е еден од најголемите европски хабови и еден од најважните воздушни центри во Централна и Источна Европа, со преку 200 конектинг летови во 66 држави низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка, што подразбира поврзување на Охрид со преку шеесетина земји низ светот “– наведува вицепремиерот Александар Николоски во објава на Фејсбук.

Македонија во изминативе две години значително ја прошири авио мрежа. Воведени се повеќе од 25 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што граѓаните добија директни врски до повеќе европски дестинации.Меѓу новите линии се летовите до Париз, Барселона, Лион, Штутгарт, Луксембург, Салцбург, Прага, Келн, Амстердам и Виена, како и повеќе туристички и чартер дестинации. Според владините проекции, годинава преку двата македонски аеродроми се очекува да поминат над три и пол милиони патници.

Ања Лукарова