Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Индустриското производство со раст од 7,6 проценти за една година, резултат на сериозните економски политики на Владата

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6% во однос на 2025 година, при што целокупната економска активност останува во позитивна зона, со раст од 0,2%. Ова е резултатот на економските политики на Владата, насочени кон конкретна и реална поддршка на домашните компании. Преку оваа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6% во однос на 2025 година, при што целокупната економска активност останува во позитивна зона, со раст од 0,2%. Ова е резултатот на економските политики на Владата, насочени кон конкретна и реална поддршка на домашните компании. Преку оваа поддршка расте производството, се зголемува индустрискиот промет, се поттикнува економската активност и континуирано се отвораат нови работни места ширум земјата, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Носител на овој раст е преработувачката индустрија, секторот кој создава најголема додадена вредност и претставува главен двигател на економскиот развој и на извозот. Домашните компании имаат капацитет да растат, да вработуваат и да освојуваат нови пазари, кога им се обезбедени соодветни услови за работа. 

Клучна алатка зад овие резултати е кредитната линија од 230 милиони евра, која Владата ја обезбеди како силна финансиска поддршка за стопанството. Овие средства веќе се во нови инвестиции, нова опрема, поголемо производство и проширени капацитети кај домашните претпријатија, што е конкретен доказ дека мерките на Владата директно се префрлаат во реалниот сектор и даваат опипливи резултати.

Реклама

Зад овие бројки, кои не се само статистика, стојат отворени работни места, зголемени плати и компании кои растат. Тоа е потврда дека насоката е вистинска и дека македонската економија чекори кон поголема стабилност и конкурентност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со ваквата поддршка на домашната економија, на македонските компании и на македонските работници, бидејќи токму на овој начин се обезбедува повисок животен стандард, повисоки плати и посилна економија за сите граѓани.