Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Општина Пустец со еколошки акции ја чува животната средина и апелира на одговорност на сите жители

Општина Пустец реализира последователна еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат општината.  -Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пустец реализира последователна еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат општината. 

-Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ја посетат нашата област, рече градоначалникот Пали Колефски. 

Посочи дека работниците на Јавното претпријатие за комунални услуги при Општина Пустец се реовно на терен и работат на чистење на јавните простори.

Реклама

-Но, чистата средина е заедничка одговорност на сите, затоа апелирам до сите жители да придонесат за одржување на чиста и здрава животна средина.  Само заедно можеме да го одржиме Пустец чист и примамлив за секого, апелира Колефски.  

Додаде дека со подобрените услови, природните убавини и културно историските споменици,  со кои располага општината, и гостопримството по кои се познати Преспанци,  привлекуваат се поголем број туристи, нагласувајќи дека минатата година општината ја посетиле над 100 илјади туристи. 

-Пустец станува се попривлечна дестинација, како за домашните така и за странските туристи, кои се почесто го Пустец и другите населени места, како своја дестинација. Станува атрактивна туристичка точка, не само поради природната убавина, туку и поради заштитените подрачја, уникатната флора и фауна, како и богатото историско и културно наследство што овој крај со гордост го чува, посочи тој.

Како локална власт, додава, планираме понатамошни инвестиции за развој на туризмот во текот на целата година, преку комбинирани понуди со плажи во лето и активности на отворено во текот на другите сезони, искористувајќи го природното богатство, биодиверзитетот и културното наследство на Преспанскиот регион.