Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Расте поддршката за ЕУ: Над 60% од граѓаните за членство

Македонија се повеќе ја гледа својата иднина во Европската унија.Над 60 проценти од граѓаните го поддржуваат членството во унијата. Ова го покажува најновото истражување на Европката комисија кое е направено помеѓу февруари и април оваа година.Ова е прв пат по четиригодишниот пад на поддршката за влез во ЕУ,таа да бележи зголемување од 2 отсто. И […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се повеќе ја гледа својата иднина во Европската унија.Над 60 проценти од граѓаните го поддржуваат членството во унијата. Ова го покажува најновото истражување на Европката комисија кое е направено помеѓу февруари и април оваа година.Ова е прв пат по четиригодишниот пад на поддршката за влез во ЕУ,таа да бележи зголемување од 2 отсто. И покрај долгиот и неизвесен пат кон Брисел, мнозинството граѓани веруваат дека европската интеграција носи повеќе сигурност, подобар стандард и повеќе можности за младите. Дури 67 проценти би гласале „за“ влез во унијата доколку денес се одржи референдум.

„Граѓаните низ земјите партнери за проширување јасно гледаат што значат поблиските врски со ЕУ во пракса – посилен мир и безбедност, пошироки економски можности и подобри перспективи за следната генерација“, велат од ЕК.

Во извештајот граѓаните ја препознаваат и главната пречка за евроинтегративниот пат на Македонија.За 38 проценти најголем проблем се несогласувањата со поединечни земји – членки на Унијата, кои изминативе години го забавија пристапниот процес кон ЕУ. Според истражувањето од земјите од Западен Балкан, поддршката за пристапување кон Унијата е најголема во Албанија 92 проценти и Косово 83 отсто.

Реклама

„Повеќе од 60 отсто од испитаниците во Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина се исто така за пристапување во ЕУ, додека поддршката во Србија изнесува 31 отсто. Очекувањата за времето на пристапување значително се зголемија во Црна Гора, каде што 62 проценти веруваат дека земјата ќе се приклучи на ЕУ во следните пет години, во споредба со 39 отсто во 2025 година“,наведуваат од Комисијата.

Поддршката за членство во Европската Унија во Грузија изнесува 71 процент, по што следат Украина со 65 отсто и Молдавија со 58 отсто, додека 46 проценти од испитаниците во Турција изразиле поддршка за членство во ЕУ.

И Еуротинк презентираше анкета под име Еврометар 2026 која покажува дека 65,7 отсто од испитаниците сметаат дека Европска Унија е најдобрата алтернатива, а помалку од една третина од граѓаните сметаат дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од Унијата.

Ања Лукарова