Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

„Аманет во свила“ го отвора 47-то Скопско лето

Со концертот ,,Аманет во свила,, на Камерниот гудачки оркестар Полифонија, во недела стартува 47-то издание на Скопско лето. И  ова лето Скопје  ќе пулсира во ритамот на кутурата и уметноста со 55 настани над 1000 уметници и гости од 10 земји, а ќе се одржат на различни локации на главниот град. Посетителите ќе имаат можност […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со концертот ,,Аманет во свила,, на Камерниот гудачки оркестар Полифонија, во недела стартува 47-то издание на Скопско лето. И  ова лето Скопје  ќе пулсира во ритамот на кутурата и уметноста со 55 настани над 1000 уметници и гости од 10 земји, а ќе се одржат на различни локации на главниот град. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во многу музички настапи, драмски изведби, ликовни изложби и други културни настани.

-Нашата програма трае 40 дена, и оваа година ќе имам 55 настани на различни локации, различни институции, отворени сцени и концертни сали.Програмата е мултижанровска, значи имаме застапено мултумедијални проекти, уметнички изложби, концерти претстави за најмладите, театарски претстави истакна директорката на Дирекцијата за култура и уметност Василија Чали.

Проектот ,,Аманет во свила,, со кој  стартува Скопското лето, а ќе се одржи во Музејот на македонската бпрба, е еден специфичен проект кој за прв пат ќе биде изведен на нашите простори.

Реклама

-Тоа едно безвременско патување низ традицијата и византискиот … ќе се изведат композиции од вековите наназад до ден денеска со сите оние примеси од културите што поминале кај насистакна Орце Ицкоски-Уметнички центар Полифонија.

Целта на настанот е да се доближи културата до граѓаните и да се понуди квалитетна програма. Со децении наназад  фестивалот Скопско лето преставува препознатлив белег на културниот живот  во главниот град кој нуди програма за сите генерации.