Нови уште пет авиолинии од македонските аеродроми до европските дестинации. Со субвенции од државата од скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета до Наполи и Будимпешта, а од Охридскиот аеродром од 28 јуни до Катовице, Вроцлав и Милано. „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има постојана флота со шест авиони и оти прави замена на постојните Ербас А320 со Ербас А321 нео, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„За еден и пол месец се објавени 11 нови воздушни линии од аеродромите во Скопје и Охрид. Претходно беа најавени авиолинии од Стокхолм и Мадрид, што ќе стартуваат од 2 ноември, од Келн, Бари и Прага од 20 декември, како и од Ларнака од 30 октомври, за месец и половина, додаде, се вкупно 11 нови авиолинии во соработка со нашите пријатели од Виз Ер” рече вицепремиер Николоски.,
Како што посочи Николоски, авиокомпанијата ќе го зголеми капацитетот за патници за околу 50 проценти од следната година и ќе понуди 3.300.000 седишта за Македонија. Одличната соработка помеѓу македонската Влада и „Виз ер“ ја потврди и извршниот директор Џозев Варади кој најави дека ќе го зголемат бројот на вработени од Македонија за околу 100.

- „Имаме навистина убава оперативна платформа во земјата, шест летала до крајот на годината, рути од Скопје и Охрид и над 200 вработени во земјата, а сето тоа доаѓа до 3,3 милиони седита што ќе бидат достапни во 2026 година што е голем скок во однос на 2012 година“, рече Варади.
Средба со претставници на авиокомпанијата Wizz Air, имал и претседателот на Владата, Мицкоски на која разговарале за можности за проширување на соработката, подобрувањето на услугите и развој на нови иницијативи.
Инаку, државата ќе ги субвенционира летовите и тоа по девет евра по патник на доаѓање на скопскиот аеродром и 12 евра на охридскиот аеродром.
Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година. Бројот на патници, бележи раст – скопскиот аеродром за 5 проценти во првото шестмесечје, додека охридскиот за 13 проценти.
Министерот Николоски очекува дека до крајот на годината, растот ќе биде двоцифрен на двата аеродроми, што би претставувало апсолутен рекорд во регионот.

