Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

5. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје, гостуваат театри од Србија, Хрватска, Чешка и од Шпанија

„Сите сме исти. Јас и ти“ е слоганот на 5. Интернационален фестивал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сите сме исти. Јас и ти“ е слоганот на 5. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржи од 13 до 17 октомври во Скопје во Театарот за деца и младинци, Македонскиот народен театар и во Драмски театар. Со овој фестивал, Скопје повторно ќе биде центар на случувањата на македонските и европските театри во детско-младинската продукција во Европа.  

На фестивалот ќе гостуваат претстави од земјава, од Србија, Хрватска, Чешка и од Шпанија, а презентерите на работилниците ќе бидат со гости од Бугарија, Грција и Босна и Херцеговина.  На фестивалот учествуваат истакнати автори, режисери, актери, драмски писатели.

Фросина Карловицс, в.д. директорка на Театарот за деца и младинци-Скопје, истакна дека петтото издание на фестивалот „Игор Маџиров“ е значаен момент за Театарот за деца и младинци и за континуитетот на оваа меѓународна манифестација. 

Реклама

-За нас, фестивалот е можност нашата публика да види различни театарски претстави, а нашите уметници и соработници да разменат искуства со колеги од другите, нели, средини. Нашата одговорност како домаќин е да обезбедиме услови за тие средби и да ја зачуваме врската помеѓу фестивалот и неговата најважна публика – децата и младите. Пораката „Сите сме исти – јас и ти“ ја гледаме како покана за блискост и разбирање, но и за потсетување дека културата треба да биде достапна и отворена – посочи Карловицс.

Таа истакна дека фестивалот и оваа година се одржува под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

-Тоа е покровителство важно за нас, важна е таа поддршка за видливоста на самиот фестивал, како и неговото значење. Особено нѐ радува дека имаме силен интерес од публиката уште од првите најави. Тој интерес ни покажува колку се потребни вакви програми и колку публиката сака да се сретне со театар што е внимателно избран за нејзината возраст и сензибилитет – нагласи таа.

Карловицс додаде дека и оваа година фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам во скромен износ од 600.000 денари. 

-Станува збор за скромна финансиска поддршка во однос на обемот на меѓународната програма која ја имаме, како и организационите потреби кои ги имаме. Благодарни сме за поддршката, а истовремено сметаме дека континуираното вложување во Театарот за деца и младинци заслужува поголемо внимание – дополни в.д. директорката.  

​Селекторката на годинешната програма, Катерина Илиевска-Силјановска посочи дека оваа година програмата е внимателно избрана, бидејќи, како што рече, детската и младинската публика не е за потценување.

-​Затоа, во процесот на селекција трагав по претстави коишто не ја потценуваат нашата публика, туку напротив, ја поттикнуваат нивната чиста интелигенција и фантазија. И во време на социјални медиуми и брзи спотови, брз начин на живот, овие клипчиња коишто ги гледаат младите, ете сакавме да доближиме нешто што е блиску до нив, а сепак живата материја – театарот, не може да се замени со тие брзи видеа и нивните интереси. Мислам, нивните интереси се знае дека се повеќе насочени кон социјалните медиуми, но сепак театарот е тука за да малку од малку им го промени тој начин на размислување – рече таа.

Истакна дека сцената е местото каде што границите исчезнуваат, а различностите остануваат наше најголемо богатство и токму затоа го искористиле и слоганот „Сите сме исти – јас и ти“.  

​​​Фестивалот, рече Илиевска-Силјановска, започнува со наша театарска претстава која е лауреат, којашто е драмско-куклена претстава „Која е Лорет“, додавајќи дека нашите претстави нема да бидат во официјална конкуренција, туку се во OFF-програмата. 

-​Наредниот ден веќе започнуваме со претставата „Пинокио“ од Народниот театар Битола, ни гостуваат на нашиот фестивал. Претстава во која и таму има сегменти од различностите, начинот како да бидеш подобар, поубав… ​Во вториот фестивалски ден имаме и една презентација на УНИМА, која е асоцијација на куклените театри во светот. Бидејќи сме дел од куклената сцена, убаво е да се презентира тој модел на менаџирање и на соработка со кукларството на ниво на светот. Ќе имаме презентери од Бугарија и од Мостар, од Босна, коишто ќе ни ја презентираат таа програма за УНИМА фестивалот, додаде таа. 

​Илиевска-Силјановска, додаде дека следува претстава од Крагуевац, Србија, „Стара планина“ којашто е куклено-визуелна претстава, без зборови.

-​Следната претстава тој втор ден е „Со балон над Кападокија“, претстава којашто ни доаѓа од Осиек, Хрватска, исто така зборува за заробената душа и борбата да се ослободи таа душа. Третиот фестивалски ден имаме претстава која се вика „Слатки зборови“, претстава за најмладите. Самото име ви кажува дека со користење на некои одредени зборови се постигнува голема работа. Таа ни доаѓа од Ријека, Хрватска.  

На третиот фестивалски ден ќе гостува и Матилда Коралес од Грција, која ќе говори за менаџирање на интернационални театарски фестивали и исто така за креирање на костими и на кукли – како куклите би требало да изгледаат, карактерот на куклата. 

-Во 19:30 часот, тој исти трети фестивалски ден, имаме претстава „Лемба“, која ни доаѓа од Малага, Шпанија, Театарот „Анхелес де трапо“. Исто така тоа е поврзано со интернет, со борбата со социјалните медиуми, со употребата, злоупотребата и така натаму. ​Четвртиот фестивалски ден ја имаме претставата „Пилотот и малиот принц“ на Театарот од Острава од Чешка, куклена претстава. ​Во 13 часот, четвртиот фестивалски ден, имаме претстава од Скопје, од приватниот театар Театар за тебе, „Чуварот на последното дрво“, претстава којашто исто така зборува за екологијата – рече Илиевска-Силјановска.

Истиот ден во 19.30 часот игра Театарот за деца и младинци со претставата „Садако сака да живее“, претстава којашто е наменска за војната и за случувањата после војната во Јапонија, после паѓањето на бомбата во Хирошима. Тоа, посочи Илиевска-Силјановска, се детски претстави но малку за поголеми деца над 11 години поради силните теми што ги обработуваат.

-​И последниот фестивалски ден, 17 октомври, утрото имаме тема „Црвенкапа“, гостува Театарот од Нови Сад, Србија. И вечерта во 19:30 часот го затвораме фестивалот со претставата „Дрвјанковци“ или како што во оригинал ја нарекуваат Хрватите од Чаковец – Театарот од Чаковец, Хрватска – „Дрвљаци“, Театар „Пинклец“ од Чаковец. Исто така е поврзана со војна, по што ќе следи доделување на наградите – посочи Илиевска-Силјановска.  

Извршниот продуцент Миодраг Костиќ рече дека зад петте фестивалски дена стои навистина макотрпна работа од неколку месеци, со цел, посочи, на македонската публика да ѝ овозможиме театарска магија којашто во овие пет фестивалски дена ќе има можност да ја погледнат.  

Билетите за претставите можат да се купат во билетарницата на Театарот за деца и младинци – Скопје.