Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and Defence Technologies Zrt., остварија официјална посета на Скопје, каде што се сретнаа со Александар Николоски, заменик премиер на Македонија и Владо Мисајловски, министер за одбрана.

На средбата се разговараше за модернизацијата на Армијата на Македонија, со посебен акцент на идентификување области каде што соработката во одбранбената индустрија и таргетираните инвестиции можат да придонесат за исполнување на оперативните барања на војската и стратешките цели на националниот одбранбен сектор.

Македонија, која во моментот издвојува над 2% од својот БДП за одбранбени трошоци, останува посветена на понатамошно зајакнување на своите капацитети. За време на дискусиите, страните разгледаа области во кои технолошките решенија на 4iG – особено во полето на сателитските комуникации, беспилотни воздушни системи и дигитални технологии за бојно поле – можат да
придонесат кон агендата за модернизација на земјата. Врз основа на својата експертиза како во новите, така и во традиционалните одбранбени технологии, 4iG е добро позиционирана да го поддржи развојот на интегрирани, мрежно – центрирани одбранбени системи во регионот.

Реклама

Овој ангажман е дел од пошироката стратегија за регионална експанзија на 4iG Групацијата. Како унгарска групација со мнозинско сопствеништво во областа на инфо-комуникациите и со сѐ поголемо присуство на Западен Балкан, 4iG ја зајакна својата позиција преку серија успешни аквизиции. Во октомври 2024 година, компанијата основа локална подружница во Северна Македонија под името OНE Mакедонија Телекомуникации. Под водство на извршниот директор Брано Ѓуровиќ и заменик извршниот директор д-р Габор Алтман, подружницата планира да учествува на претстојниот национален тендер за радиофреквенции, со цел да стане трет мобилен телекомуникациски оператор во земјата.

4iG Групацијата функционира врз три стратешки столба: интеграција на ИТ системи и решенија за претпријатија, телекомуникациски услуги и развој на инфраструктура и технологии за вселена и одбранбена индустрија. Оваа диверзифицирана понуда ѝ овозможува на Групацијата да испорачува конкурентни, интегрирани решенија за партнери од дигиталниот и безбедносниот
сектор низ цела Европа.

За 4iG:

4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор,
4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.

Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо – комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance,
групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.

Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен
Балкан.