Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Прилози

400 македонски државјани бараат евакуација додека тензиите на Блискиот Исток се зголемуваат, летовите се откажуваат

Нов ден – нови случувања на Блискиот Исток. И денеска одекнуваат експлозии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден – нови случувања на Блискиот Исток. И денеска одекнуваат експлозии во Доха, Кувајт, Дубаи и Абу Даби…Тензиите ја зголемуваат загриженоста кај граѓаните, но македонските државјани кои живеат и работат во регионот велат – засега нема простор за паника. Ангела Николовска, која живее во центарот на Доха, вели дека граѓаните внимателно ги следат инструкциите од надлежните институции.

Слична е сликата и во Дубаи, во Обединети Арапски Емирати, каде живее бројна македонска заедница. И таму, според нашите информации, безбедносните служби се во зголемена готовност, но секојдневието функционира без прекини..

Во меѓувреме, 400 македонски државјани од загрозените жаришта, покажале интерес за евакуација,од нив 30 за напуштање на земјата во првата прилика – информираат од македонското МНР. Во моментов нема услови за евакуација на државјаните кои се наоѓаат во Обединети Арапски Емирати и Катар.

Реклама

Со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои изразиле подготвеност за тоа  – велат од МНР.

Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи, поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Според најновите податоци, откажани се 1.239 летови, а илјадници патници се заглавени или ги менуваат своите патувања.

Три од најголемите авиокомпании во регионот – Emirates со седиште во Дубаи, Etihad Airways од Абу Даби и Qatar Airways од Доха – заедно откажаа стотици летови..

И Визер суспендираше повеќе летови од и кон Блискиот Исток.Од компанијата соопштија дека сите летови до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Саудиска Арабија се суспендирани заклучно со 7 март.

Експертите предупредуваат дека оваа состојба може да предизвика сериозни глобални последици – од доцнење на карго-пратки и прекин на синџирите на снабдување, до нов раст на цените на авионските билети.

Ања Лукарова