Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

400 дечиња со посебни потреби и без родители на „Зимзоленд“, добија и новогодишни пакетчиња

Радост и среќа за повеќе од 400 деца со посебни потреби и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Радост и среќа за повеќе од 400 деца со посебни потреби и деца без родители во  забавниот парк „Зимзоленд“ во Аеродром. Невладините и министерството за социјална политика организираа предновогодишна забава за дечињата.  Дедо Мраз им подели пакетчиња на сите, а возењето на вртелешките за нив беше вистинско уживање.

Заменик министерот за демографија и млади Ѓоко Велковски, рече дека вакви настани дека треба да има почесто. Со него беа и дел од скопските градоначалници, кои заедно со Дедо Мраз исто така им поделија пакетчиња на дечињата.

„Денеска над 400 дечиња со посебни потреби, бидат токму дел од еден ваков прекрасен настан, каде што доделивме пакетчиња, а секако и желбата на овие дечиња се возат на реквизитите позади нас, нели е огромна и ја имаат таа можност денеска“, рече Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Реклама

„Имавме сите можност да видиме премногу среќни дечиња кои што уживаат во денешната забава организирана од страна на организаторите и се надеваме дека и во иднина вакви настани ќе придонесуваат за повеќе насмевка кај дечињата“, рече Дејан Митевски, градоначалникот на Аеродром.

Зимзоленд е радост за сите Скопјани, а ќе биде отворен до 19 јануари.

Љубиша Владимиров