Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Затворена кујната во РЕК Битола, од ЕСМ велат истата храна ја јаделе и други вработени, но немаат симптоми на труење

Се зголемува бројот на затруени во РЕК Битола – околу 150 вработени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се зголемува бројот на затруени во РЕК Битола – околу 150 вработени побарале лекарска помош со симптоми како силни стомачни болки, мачнина и повраќање. Сите јаделе ист оброк – макарони со болољезе сос. Во моментов околу 40 луѓе се на дневно лекување, додека едне пациент е хиспитализиран во битолската болницата од Истата храна јаделе вкупно 300 луѓе.

„Тие се со лесна до средна клиничка слика, течни столици, повраќање, некои со температура, дехидрирани. Повеќето се следат амбулантски, некои ќе доаѓаат и 2-3 дена за инфузија и следење, еден е пратен за хоспитализација“, изјави д-р Хараламбос Сидиропулос, инфектолог во болницата.

По масоното труење Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја затворија мензата во комбинатот. Таа останува под клуч се додека не се добијат конечните резултати од анализите. Во меѓувреме, инспекторите наредија вонредно чистење и темелна дезинфекција, како и санитарни прегледи за сите вработени.

Реклама

“До овој момент немаме првични информации за резултатите џа брисеви од работни површини. Ние како ДСЗИ издадовме решение за забрана на користење на кујната” вели директорот на ДСЗИ.

Инспекциските служби при вонреден надзор во централната кујна на РЕК Битола, утврдиле сериозни хигиенски недостатоци нечистотија, оштетена опрема и несоодветни услови за работа. Дополнително, констатирано е дека дел од вработените немале важечки здравствено-хигиенски прегледи.

Од АД ЕСМ и ЕСМ Молика велат дека во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.

Поради сомнежите за труење со храна, Основното јавно обвинителство во Битола е веќе известено и активно ги координира сите активности со цел целосно расветлување на случајот.

Инаку, во комбинатот има повеќе од 3.500 вработени. Работничката менза во РЕК Битола беше обновена во септември лани, по пауза од речиси 20 години.