Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

30 години од педагошкиот факултет св. „Климент Охридски“

Педагошкиот факултет св. „Климент Охридски“ во Скопје го одбележа својот 30 годишен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педагошкиот факултет св. „Климент Охридски“ во Скопје го одбележа својот 30 годишен јубилеј од својата работа. Како институција, од неа произлегуваат педагошки кадри, наставници, негуватели кои потоа работат со најмладитe и поставуваат цврсти основи за учење, знање, размислување, социјални и други вештини.  Министерката за образование и наука ја истакна важноста на факултетот и неговата незаменлива улога.

„Соработуваме со педагошкиот факултет и очекуваме да продолжат со нивната мисија, исклучително значајна и со реформите кој ги прават, а тоа е модернизација и адаптација на новите настанати времиња и новите настанати потреби во светот кој секојдневно брзо се менува. Очекувам да даде резултати се она што тие го прават затоа што дефакто претставуваат  исто така како и наставниците една од најважните алки во образованието.“– изјави Министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Во последните неколку години, како што посочи деканката на факултетот, интересот постепено расте, оваа година се запишале околу 150 студенти. Министерството ги стимулира матурантите да се запишуваат на овој факултет преку доделување стипендии.

Реклама

„Нашата мисија е да подготвуваме што покомпетентни наставни кадри кои ке можат да договорат на општествените предизвици со кој секојдневно се соочуваат. Такви предизвици се инклузијата, дигиталната технологија, функционалните знаења, така што нашите програми постојано се усовременуваат и се модернизираат во насока да одговориме на општествените потреби.“– изјави деканката на педагошкиот факултет, Билјана Камчевска.

Во подготовка се нови концепции за гимназиско и за уметничко образование, по што ќе следат нови наставни програми, нови учебници, нови испитни програми за државна матура а кога ќе се сумираат искуствата, ќе се донесе нов Закон за средно образование.