Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

250 евра ќе биде казната за родителот чие дете е насилно во училиште

250 евра казна за родителите чии деца се однесуваат насилно во училиште.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

250 евра казна за родителите чии деца се однесуваат насилно во училиште. Со новите законски измени се предвидуваат парични казни за родителите на децата кои во училиште прават булнг и малтретираат соученици.  Ќе има казни за оние родители кои одбиваат да соработуваат со училиштата и институциите. Според најавите од Министерството за образование и наука, новите измени во законот за основно образование, веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат доставени до Собранието.

„Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во собрание, за да ги дооформат тие предлози и веќе тоа е донесена одлука и тие измени ќе се направат и останува казната од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно повторувам, и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции.“- вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Бројните инциденти на меѓуврсничко насилство го вклучија алармот кај инстутуциите. Напаѓачите и родителите ќе си одговараат според законот, а со новите измени дополнително родителите ќе си плаќаат и казни. Последниот случај на меѓуврсничко насилство се случи во Ченто каде средношколец влезе во основно училиште и прободе 15 годишен ученик. Детето доби повреди опасни по живот, оштетен му беше црниот дроб и вена во стомакот. Минатиот месец пак во Ѓорче Петров три девојчиња тепаа шестоодделенка, ја тераа да јаде измет од куче, ја гореа со цигари, навредуваа и снимаа со мобилен телефон. Надлежните постојано апелираат до родителите да посветат повеќе внимание на децата, нагласувајќи дека државните институции не можат сами да го решат проблемот. Покрај казните, надлежните најавија и лиценцирани училишни психолози, кои треба да формираат стручни тимови за препознавање и превенирање на насилство. Дополнително апелираат до наставниците да се постојано помеѓу учениците и заедно со стручните тимови да работат со децата, но и со родителите.