Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

24. Дебармаалски средби и серенади

Во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ – Скопје  денеска во Дебар Маало ќе се одржат 24. манифестација посветена на виното и љубовта „Дебармаалски средби и серенади“.  

– Средбите, што се одржуваат по повод по повод Св. Трифун и Св. Валентин, ќе започнат во 13 часот кај мостот кај Жабарот, а програмата ќе се одвива на повеќе локации преку музички, поетски и гастрономски содржини наменети за љубителите на уметноста и традицијата. Настанот е конципиран како петчасовно културно патување низ Дебар Маало –  најавуваат од „Гороцвет“, кои ја органиизраат манифестацијата во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар и Општина Центар.

Првиот сегмент ќе опфати закројување на лоза и пуштање порака за мир и љубов во реката Вардар, со учество на ученици од ООУ „Коле Неделковски“. Потоа серенадите ќе продолжат на улицата „Боемска“, како и во кафеаните „Скопски мерак“ и „Дебар Маало“, каде ќе се одржи и традиционалната „беседа за виното и љубовта“.

Реклама

Програмата ќе продолжи по улицата „Дебарца“ до кафеаната „Антица“, каде учесниците ќе пеат и ќе наздравуваат со бело и црвено вино. Следува делот на „Костурски херои“, каде по традиција од балкон се полева со вода, цвеќиња, бонбони и паричка. Во 17 часот во пекарницата „Силбо“ ќе се изведе обредот на кршење „Дебармаалска погача“, проследен со песна и музика.

Настанот, кој има повеќе од две децении традиција, се организира под водство на уметникот и хуманист Живко Поповски – Цветин. Од „Гороцвет“ истакнуваат дека целта е создавање општествен простор во кој љубовта, мирот и соживотот се промовираат како највисоки вредности.