Реклама
Македонија

21-годишник ја водел ќелијата на ИСИС во Македонија – планирале терористички напади

21-годишен гостиварец како војник за промоција на добро познатата терористичка организација ИСИС,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

21-годишен гостиварец како војник за промоција на добро познатата терористичка организација ИСИС, на почетокот на оваа година, создал управувал со терористичка ќелија во Македонија. Му се приклучиле уште двајца од Гостивар и еден од Струга, а постојано биле на линија и со други групи од државата и странство. Групата планирала терористички акти на цивилни – меки цели и јавни објекти, а имале намера да си набават и оружје за нападите.

  • По извршената анализа на доказите утврдено е дека истиот формира и координира активности како војник на ИСИС за медиумска промоција и заштита на терористичката организација со намена на албанско говорно подрачје. На 15ти извршен е претрес во дом и други простории и кај останатите приведени, каде се пронајдени и одземени разни материјали, хартии со натписи на арапски и албански јазик, прстен со амблем на ИСИС итн. Одредена е мерка притвор во траење од 30 дена“, информира Тошковски за конкретната акција.

21-годишниот гостиварец формирал повеќе групи на социјалната мрежа Telegram и ги уверувал останатите дека се подготвени за терористички напад како Македонија така и во други држави од Европа. Поттикнувал и други граѓани да им приклучат во терористичките намери.

  • Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади“ велат од ОЈО ГОКК.

Групата била следена подолго време, откри Тошковски. Во ќелијата во Македониуја членувале и други непознати лица од државата и од странство. Не станувало збор за лица кои се повратници од ИСИС или од други ризични подрачја, но имале врски и интернет комуникации со насилни екстремисти од странство.

Реклама

За замрзнати 20 џихадистички ќелии на терористички организации на Балканот па и во Македонија лани пишуваше италијанскиот весник „Ил темпо“. Според објавите тогаш, ќелиите постоеле две две години, а по случувањата во Израел биле со зголемена активноси. Италијански  „Ил Темпо“ повикувајќи се на извори од тамошните разузнавачки служби, објави дека повеќето вакви ќелии биле на косовска територија, во Албанија и Босна и Херцеговина, но постоеле и во Црна Гора, Србија и во Македонија.