Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

2.164 казни: 521 „летач“ и 85 пијани возачи за само три дена

Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила.

Заради возење со брзина поголема од дозволената изречени се 521 санкција, за неправилно паркирање 473 мерки, додека пак 221 учесник во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Исто така за 125 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 72 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 201 лице за неносење заштитна кацига.

Реклама

Покрај ова изречени се четири прекршоци за лица што управувале електричен тротинет, а изречени се и 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, а пак од сообраќај се отстранети 85 возачи заради возење под дејство на алкохол.

Согласно пак Законот за возила во првите три дена од јуни беа изречени вкупно 110 санкции, од кои по основ на технички неисправни возила 39 и по основ на возила коишто не биле регистрирани 71, известија од полицијата. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.