Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

2.000 тони жито исчезнале од државните резерви – ОЈО бара мерки на претпазливост за осомничените

2 илјади тони пченица и јачмен „испареле“ од државните стокови резерви. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2 илјади тони пченица и јачмен „испареле“ од државните стокови резерви. За време на корона кризата во 2019-2021- та година, незаконски биле отпишани околу 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен, од државните стокови резерви, а направената штета се проценува на околу 780 илјади евра.

Вкупно петорица ја злоупотребиле службената положба со неизвршување, а меѓу осомничените е и екс-заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Иако биле должни да ја известат Владата дека има неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен во Јавно претпријатие „Агро берза“, тие доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата постапиле спротивно на Законот за стоковните резерви.

Реклама
  • ..Лицата делото го сториле така што Н.Р., Р.А., Т.К. и Т.Д. во својство на овластени лица ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба на начин што иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации“ стои во кривичната пријава од МВР.

Надворешен соработник кој бил ангажиран како вешто лице преку Бирото за процена изготвил наод во кој внел невистинити податоци, не земајќи ги предвид сите податоци и реалната состојба.  

  • Вештиот наод бил приложен кон информацијата до Влада и истата била прифатена од страна на Владата, при што Агенцијата за стоковни резерви Скопје била задолжена да изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна, во вкупна вредност од 29.112.000 денари или 473.365 евра (во моментот на отписот по цените кои се набавувала пченицата и јачменот во 2022 година, вредноста на истата изнесувала 48.000.000 денари или 780.487 евра), која вредност преставува штета на Буџетот на Македонија“ велат од ОЈО.

Според информациите, покрај Димковски и вештакот, осомничени се и директорот на Агенцијата за стокови резерви како и двајца раководители во истата Агенција.

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а обвинителството бара определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во суд за сите осомничени.