Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥177.800 основци и 67.200 средношколци седнаа во училишните клупи

Одекна звукот на првото училишно ѕвонче низ училиштата. Детски џагор, родителска среќа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одекна звукот на првото училишно ѕвонче низ училиштата. Детски џагор, родителска среќа, насмевки, прегратки, па и по некоја солза радосница или страв од неизвесност беа видливи кај оние кои денеска за првпат тргнаа на училиште. И годинава највозбудени се првачињата.

“За да другарувам и дека е убаво, сакам да научам да пишувам и да читам. Многу сакам да учам.”- изјавија првачињата.

Во Основното учишите „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска им посакаа среќен почеток во новите училшни предизвици на сите ученици. Премиерот е задоволен што првпат после 8 години учениците ќе ги имаат пред себе сите учебници и им порача дека ова се години кога децата меѓудругото учат и за две многу значајни вредности,  семејството и татковината.

“Наставниците сум убеден дека вредностите коишто, најмладите првоодделенчињата ќе треба да ги дознаат за своето семејство за мама, за тато, за даде и за бато, но исто така и за она што се вика татковина, нашата преубава Македонија ќе го пренесат во вистински начин, во вистински дух” изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Опозицискиот лидер Венко Филипче од основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец им посакаат среќен почеток сите ученици. Во седумгодишното владеење на СДСМ учениците беа оставени без учебници, сега кога учебник има за секое дете,  Филипче признава дека секоја добра политика треба да се пофали.

“Нема простор за критика, нема потреба ниту пак може да се постигне некакви политички поени. Така да во тој дел каде што МОН обезбедил тоа што треба добро е.”- изјави Венко Филипче.

Реклама

Како и изминатите четири години така и оваа општина Кисела Вода обезбеди ранчиња и прибор за секое прваче од оваа општина. Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека влогот во најмладите, е влог во иднината ан Македонија. Градоначалникот на Ценатар пак Герасимовски потсети дека во текот на летото имало повеќе реконсктрукции на основните училишта.

“Униформи за сите ученици, смарт уреди во секоја училница, нови и реконструирани спортски терени и сали, прочистувачи за воздух во секоја училница, фотоволтаици на училиштата кои денес сами произведуваат електрична енергија како и доградбите на училиштата за работа во една смена.”- изјави Орце Ѓорѓиевски.

“Имаме реконструкција на повеќе тоалети во нашите училишта, реконструкција на спортските и свечените сали, дел од нив се веќе завршени, имаме само во училиштето Гоце Делчев и реконструкција на уште неколку тоалети кои што во текот на месец септември треба да бидат целосно завршени.”- изјави Горан Герасимовски.


Оваа учебна година, зголемен е број на образовни асистенти во основното, но и за прв пат во средното образование за учениците со посебни потреби. За прв пат е воведено и формално образование за децата на долготрајно болничко лекување. Од министерството за образование најавија дека од второто полугодие наставниците ќе почнат со примена на вештачката интелигенција во секој предмет. Оваа учебна година запишани се 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци.