Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Нема зима за патиштата-Надлежните подготвени за асфалтирање и во зима

Интензивна изградба на  нови патишта, но и рехабилитација на веќе постоечките, најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивна изградба на  нови патишта, но и рехабилитација на веќе постоечките, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Предвидени се обиколници кај Кавадарци, Ресен и Битола до Меџитлија.  Во фаза на еваулација е патот од Скопје до Блаце, за кој веќе во април се очекува да се распише тендер за изградба. Активно се работи и на новата делница од Кичево до Гостивар, а од наредната година ќе се започне со проектирање на патот од Куманово до Страцин. Ќе се работи и на поврзување со соседна Албанија.

  „Наместо да идеме на Ќафасан, горе да се направи тунел од наша и од албанската страна. Веќе има прелиминиарни договори со албанската Влада. По пола да се финансира тој тунел, така да ќе биде многу поплесно, побрзо и побезбедно движењето помеѓу Македонија и Албанија „ изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Веќе е започната и реконструкцијата на една од црните точки во близина кај приградската населба Карорман,  кој ги поврзува Штип и Карбинци.

Реклама

„Преку ЈП, се вложени околу 30милиони денари за потребите на сите жители кои транзитираат по овој патен правец„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

„Во идно време ќе работиме на проширување на самата траса, онаму каде е најкритично„ изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Зимските температури нема да бидат пречка за асфалтирање  и реконструкција на патната инфраструктура. Ќе се работи со технологија на таканаречено зимско асфалтирање, односно ќе се коеистат адетиви, кои веќе се пракса во Западна Европа.

Александра Ристовска