Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Нива со пченка во Струшко, роди злато со непроценлива археолошка вредност

Епохални археолошки откритија пронајдени на нива во струшкото селоКорошишта. Според монументалноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епохални археолошки откритија пронајдени на нива во струшкото село
Корошишта. Според монументалноста на гробницата и карактерот на наодите
откивањето на двете гробници ќе одекне како археолошка бомба во регионот,вели
археологот Перо Арџанлиев. Тој ги демантираше информациите кои одекнаа во дел
од порталите дека на локалитетот е пронајдена златна маска и ќуп со златници, но
наодите кои биле пронајдени како надградник, дел од златна рака, златни прстени
и другите наоди покажувале ги надминува сите до сега познати архајски некрополи
на Балканот. Покојникот бил член на елитата на енхелејска фамилија која
владеела на овој простор во 6 век пред наша ера. Гробот бил долг 7 метри, широк
4,5 а длабок 5 метри.

Не интересираше дали локалитетот на кој е откриено вакво епохално откритие и
на кое уште се работи, е соодветено заштитено и обезбедено затоа што
изминатитие два дена таму доаѓало месно население, луѓе од градот,а бројни
фотографии и видеа осамнаа на социјалните мрежи. Локалитетот се наоѓа на 50
мети од главен пат кој ги поврзува селата Волино и Корошишта.

Реклама

“Ние намерно допуштивме да доаѓа населението затоа што нашата цел е
да ја крениме свеста на населението и намерно јас одлучив како раководител и
стојам поозади тоа луѓето да се запознати. Казнените мерки не знам дали ги
знаете во законот за заштита на културни наследство, поарно да се занимавате со
продажба на дрога, него да се занимавате со копање на артефакти со дрога ќе
добиете 2 години затвор од ова ќе добиете 5 нагоре”
, вели Перо
Арџанлиев, археолог

Вредното откритие е пронајдено на нива на која сопственикот садел пченка.

„Сега пред 3 години зеде детето багер и отидовме да копаме кај
нивата да ваѓаме камења, не оти ќе најдеме нешто. Копавме камења тука и излегоа
доста камења, кога излезе и шлемот го зедовме го исчистивме убаво и го
донесовме тука и од тогаш нешто ме гризеше чим шлемот е тука ќе има нешто”
,
вели Шефит Шемшедини од Корошишта

Главниот археолог кажа дека допрва ќе се обезбедел и заштител локалитетот на
кој се работи а на она што е откриено ќе биде изложено во Археолошкиот музеј во
Скопје

Росица Голабоска