Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

🎥 12 милиони евра за модерна ГОБ „8 Септември“

Европски услови, светска апаратура и седум нови операциони сали – градската болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европски услови, светска апаратура и седум нови операциони сали – градската болница „8 Септември“ во Скопје  е реконструирана. Обновени се хирушките сали и делот за интензивна нега, реновиран е и блокот за патологија и биохемија, набавени се современи медицински апарати каде што ќе биде олеснето лекувањето на пациентите. Има и модернизација на апартите за дијагноза на болести.

Проектот за реконструкција на болницата  чини 12 милиони евра, и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи а парите се обезбедени од ТАВ проект.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата активно работи на проекти за реконструкции на други здравствени установи, затоа како што вели дека граѓаните заслужуваат модерни здравствени стандарди.

Реклама

“Очекувам дека до крајот на годината ќе биде и првата хируршка интервенција отпочната и успешно завршена од ова што можам како динамика да го видам којашто се случува овдека, така што јас би сакал да спомнам уште еден факт што не го кажа директорот, можеби затоа што е скромен, а тоа е фактот дека од стотици милиони долгови сега болницата работи позитивно, односно работи во интерес прво на пациентите, а потоа и задоволството на здравствените работници коишто се тука” изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Здравствените власти неодамна најавија дека „8 Септември“ ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес.

Според нив, дел од болничките капацитети низ државата не се искористени како што треба, а од сите нив, најблиску до стандардите за нешто повеќе и подобро има ГОБ „8-ми септември“.Затоа што со најмало вложување ќе се добие најдобар одговор за подобри здравствени услуги.