Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

1001 причина да се замине од Македонија – младите бараат сериозна стратегија за да се спречи катастрофалниот тренд

Корупција и непотизам, нефункционален и паритизран систем во кои нема можности за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупција и непотизам, нефункционален и паритизран систем во кои нема можности за вработување и напредок засновани на знаење и квалитет, но и загаден воздух и лошо здравство. Бројни се причините поради кои голем дел од младите иднината си ја гледаат надвор.

Од невладиниот сектор кој работи за и со младите велат дека мора да се подобри целиот систем за колку – толку да се поправи катастрофалната демографска слика во Македонија.

  • „Младите не се исселуваат од државата само поради недостаток на образование. Туку поради недостаток на квалитетни можности за работа, поради корупдијцата која владее во државата, поради лошиот јавен превоз, лошиот здравствен систем. Иако сме млади, сепак, ги имаме истите проблеми како и останатите граѓани во државата.“ – Изјави извршниот директор на „МОФ“, Теодора Столевска.

И образовниот систем не е прилагоден на современите текови и на потребите на пазарот на труд, сметаат младите кои велат дека застарените методи и програми мора да се менуваат – да се воведе повеќе практична работа и менторство, а универзитетите да бидат вистински автономни.

Реклама

Во меѓувреме, се уште актуелен е скандалот со матурите, откако институциите иако со построги мерки, втора година по ред не успеаа да превенираат масовно препишување на тестирањето за познавање на мајчиниот јазик.

Од невладинот сектор велат дека препишувањето е резултат на застарениот систем и побараа промени.

  • „Како систем за оценување на знаењата на средношколците, е застарен модел и всушност, препишувањето е само крајниот резултат на еден застарен модел. Сметаме дека институциите треба преку еден транспарентен и отворен процес, да го ревидираат начинот на кој ги оценуваат знаењата на учениците кои ги стекнале во периодот од сите четири години.“ – Изјави Претседателот на „МОФ“, Ристо Савески.

Од МОФ го осудуваат препишувањето на матурските тестови, бидејќи го сметаат за форма на корупција во образованието. Вината ја лоцираат кај сите засегнати во процерсот. Кај училиштата кои не ги подговтвиле доволно учениците, кај тестирачите кои не успеале доследно да го спроведат процесот, но и кај учениците, кои свесно одличиле да препишуваат, односно да се впуштат во незаконски активности.

Никола Цветкоски