Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Џоломарите од Ресава парите собрани за Василица ќе ги вложат во старото училиште за развој на етно туризам

Џоломарите од кавадаречкото село Ресава, парите собрани за Василица, ќе ги вложат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џоломарите од кавадаречкото село Ресава, парите собрани за Василица, ќе ги вложат во старото училиште, за развој на етно туризам. Од џоломарската група информираа дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат ова интересно село близу Тиквешко Езеро.

– Имаме прекрасна природа, езеро во близина, производство на извонредни вина и ракии препознатливи по својот квалитет, богата историја и што ли уште не, посочија од џоломарската група која има бројни настапи и освоени награди на фестивали и карневали во земјава и странство.

Притоа, потсетија дека џоломарството е исконска традиција на овие простори, секоја Василица џоломарите со страшни маски бркаат лоши духови и прават место за добрите нешта. За својата игра, при што прават врева со стапови и клопотарци, секоја Василица добиваат награда, по некоја пара.