Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Ќе ловеле „ВМРО ботови“: СДСМ се загуби во сопствената Пи-Ар стратегија

СДСМ моли за помош од оние кои ги исклучуваа од партијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ моли за помош од оние кои ги исклучуваа од партијата за да ја победеле внатрепартиската цензура. Сите биле виновни освен самите тие. Коментари на социјалните мрежи ги забраниле поради некакви „вмровски ботови“. Па сега преку кратки видеа на социјалните мрежи дел од раководството се правда дека секоја критика за нив била бот. Додека забрануваат коментари, повикуваат токму преку коментари да се таргетираат луѓето кои не мислат како нив и нивната политика.  Во оваа таканаречена кампања се приклучи директорот на Центарот за инстражувања и анализи на партијата, Јон Фрчкоски.

-Целта е да се создаде впечаток дека сите се против нас, затоа привремено ги исклучивме коментарите. Сега вие граѓаните може да помогнете, кога ќе видите сомнителен профил со рандом фотографија симната од интернет, можете да пишете уште еден ВМРО бот, вели Фрчкоски.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, пак вели дека секоја критика за партијата била ширење омраза.

Реклама

-Со години се труе јавниот простор од истото место, од истиот центар, се со цел луѓето да се заморат, луѓето да се разочараат и да добијат чувство дека нормална дебата, аргументирана дебата повеќе не е возможна. Но, Македонија не смее да стане место каде ботовите ќе бидат најгласни, а вистинските реалните луѓе ќе бидат најтивки, вели Кузеска.

За членот на Извршниот одбор на партијата Симона Цветаноски, критиката не била нормална дебата.

-Лажни профили, исти навреди, координирани напади само за да не замолчат, но тоа нема да се случи. Тие прикажуваат лажна слика дека народот е против нас, но јас верувам верувам во вас граѓаните и ве замолувам, кога ќе видите профил што шири лага и омраза, каде што има лажни фотографии и нема доволно следбеници, напишете во коментар дека ова е уште еден ВМРО бот, вели Цветаноски.

Во стил на своите сопартијци, претходно со ист став излезе и лидерот на партијата Венко Филипче. И според него сите кои го критикувале него и партиските политики биле ботови на владејачката партија.

Матеја Петровски