Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Љутков: В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да помине рокот за жaлба

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.

– Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник, информира министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот Саем за туризам што ќе се одржи викендов во Скопје.

Реклама

Во врска со пресудите за платите во културата, Љутков истакна дека се уште стои на истиот став.

– Јас не ги добивам лично пресудите од првостепениот суд, некој друг веројатно ги добива пред да ги добиеме ние. Јас подоцна се информирам од институциите, кога ќе стигнат, но знам дека пред три дена, една од одлуките, првата од првостепениот, од Битола, беше обжалена и Апелација одлучи во корист на институцијата, рече министерот.