Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Љутков: Младите, културното наследство, дигитализацијата и филмот, примарни во националната стратегија за културата

Со новата стратегија за равој на културата во периодот од 2026 до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новата стратегија за равој на културата во периодот од 2026 до 2023 година, професионалнците ќе бидат на прво место. Разновидноста и идеите ќе го заземат приматот, а културното наследство ќе го штитат експерти во дадената област. Дигитализација и дигитална трансформација, како и активна поддршка на младите е новината, во стратегијата изработена со поддршка на УНЕСКО.

Министерот за Култура и Туризам, Зоран Љутков, преку новиот закон кој произлезе од стратегијата ќе спои повеќе културни установи. Според него нема да има отпуштања, туку реорганизација и рестиматизација за поголема ефикасност и ефективност.

Побаравме да се направи една поголема реогранизаицја. Овој пат ќе бидат опфатени десетина национални установи, но веќе добиваме информации и од национални установи кои што функционират овеќе од триесеттина години од нивното формирање, но и тие самите бараат да бидат фузирани“, изјави министерот Љутков.

Реклама

Со новата стратегија, Малдите се во фокусот на вниманието, а за таа цел министерството ќе има низа активности со кои ќе се финансираат нови серии, детски филмови, но ќе се дава и поддршка за културно издигнгување на младите.

Поголемиот фокус ќе биде на играната детска програма. Ние мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат, да гледаат македонски филмови, да гледаат македонски серии“, додаде Министерот.

Според Љутков, идните вработувања ќе бидат посветени на изнаоѓање на квалитетен и стручен кадар во сите институции место административни службеници. Само на таков начин, културното наследство ќе биде позаштитено. Но, ќе се развие и културен, динамичен систем, кој ќе биде отворен кон нови идеи и различности, способен да генерира културни производи што се конкурентни на европскиот и на светскиот пазар