Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Од вкупно 98 проекти и активности предвидени во Програмата на Владата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вкупно 98 проекти и активности предвидени во Програмата на Владата во делот на културата, завршени или во тек на непречена реализација се 73. Тоа е реализација од 72 проценти. Оние што не се отпочнати се капитални инвестиции, кои се предвидени за реализација  до крајот на 2034  година, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков на прес-конференција на која соопшти за активностите по преземањето на ресорот од претходната влада пред две години. 

-По две години работа направивме значајни исчекори во обновата и развојот на културата и туризмот. Денешниот отчет не е само преглед на реализирани активности, проекти и инвестиции туку осврт на двегодишен процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот, во кој вложивме голем труд, знаење и посветеност, истакна Љутков, правејќи споредба од пред две години кога е соочиле со сериозни предизвици – институционални, финансиски и инфраструктурни.

Како што рече, не се решени сите проблеми во културата, но се поставени цврсти темели.