Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

ЈП „Исар“ во Штип најавува финансиска консолидација и намалување на загубите на вода

По долг период на загуби, штипското комунално претпријатие „Исар„ најавува финансиска консолидација.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долг период на загуби, штипското комунално претпријатие „Исар„ најавува финансиска консолидација. Раководството очекува до крајот на наредната година претпријатието конечно да заврши со позитивно салдо, со подмирени обврски и симболична добивка од околу половина милион денари.

Во моментот се сервисираат заостанатите долгови рати од кредит кој беше покриен од Министерството за финансии, како и извршно решение од околу 38милиони денари за неплатена струја. По овој основ месечно се исплаќаат по 4милиони денари.

„Моментално ги исплаќаме заостанатите долгови-регрес за годишен одмор, буквално ги исплаќаме сите долгови кои се доспеани во минатото, како и тековните. Во моментот ја работиме Програмата за 2026 и истата покажува дека на крајот од наредната година ќе бележиме симболична добивка од околу 400.000 до 500.000денари„ изјави Александар Арсовски, дир.на ЈП Исар.

Реклама

Во наредната година клучен фактор за намалуваање на целокупниот долг на претпријатието ќе биде инсталирањето на Скада системот, кој ќе овозможи прецизно детектирање на кражбите на вода и дефектите во водоводната мрежа. Според податоците на претпријатието, дури 62% од водата се губи поради дотраената мрежа и дивите приклучоци, што годишно претпријатието го чини околу 2,5милиони евра.

„Веќе е избран економски оператор што ќе ја почне изведбата на системот. Станува збор за скложен систем, кој ќе регенерира заштеди по основ загуби на вода„ изјави Арсовски.

Инсталирањето на Скада системот ќе чини околу 600.000евра, средства од вториот владин повик обезбедени од унгарскиот кредит.