Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Јотова од Минхенската конференција: Властите во Македонија лобираат во ЕУ за заобиколување на првиот кластер, Софија нема шанси да прифати

Вршителката на должноста претседател на Бугарија, Илијана Јотова, ја искористи Минхенската конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вршителката на должноста претседател на Бугарија, Илијана Јотова, ја искористи Минхенската конференција за да испрати порака дека сè додека нема промена на Уставот во Македонија, нема да има никакво придвижување кон Европската Унија. Јотова ова го изјави по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласила дека Софија и европските институции имаат идентичен став кога станува збор за условите што Македонија треба да ги исполни на својот евроинтегративен пат.

Јотова наведе оти се надева дека до јуни, кога ќе се одржи следниот самит на ЕУ за Западен Балкан, ќе се најде решение за прашањето со Северна Македонија, доколку, како што рече, земјата сè уште сака да се приклучи на Унијата. Таа си дозволи да зборува и во име на ЕУ, нагласувајќи дека ова не било само барање на Софија, туку одамна било и политика на Унијата.

Во таа насока, Јотова рече дека постои загриженост во Софија поради информациите дека властите во Македонија се обидуваат да изнајдат алтернативен пат, односно, како што вели, да излобираат меѓу европските земји Скопје да го заобиколи првиот кластер од пристапните преговори, кој се однесува на фундаменталните вредности и во кој дел се прашањата за човековите права. Според Јотова, не постои никаква шанса Бугарија да се согласи со таква промена.