Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево ги пречека најредовните читатели пензионери: Читањето нема возраст

Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево денеска со голема радост ги пречека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево денеска со голема радост ги пречека дел од своите најредовни членови – пензионери, кои со љубов и посветеност се најчести посетители на библиотеката и вистински промотори на културата на читање.

Средбата беше организирана како израз на благодарност до возрасните читатели кои со своето секојдневно присуство потсетуваат дека читањето нема возраст и дека книгата останува верен сопатник во секој период од животот. Во пријатна и срдечна атмосфера, присутните разговараа за омилените наслови, времето поминато во библиотеката, како и за читањето дома, со книга во рака.

Од ЈЛБ „Илинден“ – Делчево посочуваат дека ваквите средби имаат за цел да бидат поттик и мотивација за сите возрасни читатели повторно да ја разбудат љубовта кон книгата, бидејќи таа зближува, инспирира и духовно збогатува.

Реклама

-Во рамки на дружењето, пензионерите – редовни членови на библиотеката, споделија и листа со препораки за читање, меѓу кои се: „Крвта не е вода“, „Синоока“, „Последните часови“, „Никаде без мојата ќерка“, „Папата Јована“, „Царицата Катерина“, „Монахот кој го продаде своето Ферари“, „Бисерот што ја скрши школката“, „Сашенка“ и „Чај од Водолија“, информирааа од ЈЛБ „Илинден“.

Оттаму упатија благодарност до сите кои одвоија време и беа дел од настанот, со порака дека нивниот пример треба да биде мотивација за сите генерации да ја посетуваат библиотеката и да го изберат читањето како квалитетно поминато слободно време.